понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Столтенберг: Кукавички напад врз нашите вредности и отворени врати

столтенберг

Последни вести

Јас сум длабоко потресен од нападите што утринава се случија овде во Брисел. Тешките човечки жртви се трагични, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како јави дописникот на МИА од Брисел, седиштето на Алијанса во белгискиот главен град е на еден километар оддалечено од Националниот аеродром „Завентем“ каде се случи двоен бобмбачки напади изведен од страна на бомбаш-самоубиец, во која засега загинаа 11 лица, а 35 се повредени.

– Ова е кукавички напад. Напад на нашите вредности и на нашите отворени општества. Тероризмот нема да ја победи демократијата и нема да ни ја одземе слободата. Ние одлучивме да го зголемиме нивото на алармирање во седиштето на НАТО и натаму сме внимателни и ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, исткана Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека неговите мисли се со оние кои ги загубија своите најблиски, со сите оние кои се засегнати и со луѓето од Белгија и порача дека „НАТО стои заедно со нашиот сојузник Белгија на овој мрачен ден“.

Најчитани вести