Столтенберг: На истокот на Украина сеуште има силно присуство на Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека на истокот на Украина се уште постои „силно присуство на Русија“, во смисла поддршка на проруските сили.

 Во источниот дел на Украина, без сомнение, постои силно руско присуство. Таму се руски сили, руска опрема и Русија и натаму ги обучува и им помага на сепаратистите, рече Столтенберг.

Договорот за прекин на огнот, се почитува, рече Столтенберг, што го нарече „охрабрувачки знак“.

Столтенберг наведе дека го поддржува продолжувањето на санкциите на ЕУ и САД против Русија се додека Москва не го промени однесувањето.