четврток, 27 април 2017  |  Вести денес: 56

Столтенберг очекува Црна Гора оваа година да стане членка на НАТО

Столтенберг во интервју за агенцијата Бета, кое го пренесува Гласот на Америка, ја поздрави одлуката на Надворешно-политичкиот одбор на американскиот Сенат да го поддржи членството на Црна Гора во НАТО и нагласи дека тој предлог има „силна поддршка од двете партии“.

133566382

Последни вести

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека очекува оти Црна Гора оваа година ќе стане 29 членка на Алијансата и порача дека иднината на Балканот е во евроатланското семејство.

Столтенберг во интервју за агенцијата Бета, кое го пренесува Гласот на Америка, ја поздрави одлуката на Надворешно-политичкиот одбор на американскиот Сенат да го поддржи членството на Црна Гора во НАТО и нагласи дека тој предлог има „силна поддршка од двете партии“.

Тој потсети дека министрите за надворешни работи во мај минатата година потпишаа протокол за членство на Црна Гора и дека сојузниците сега го ратификуваат протоколот во согласност со нивните национални процедури.

– Дваесет и три сојузници досега го ратификуваа протоколот, а во останатите земји тоа е во тек. Очекуваме Црна Гора ова година да ја поздравиме како 29. членка, рече Столтенберг.

Тој ја истакна посветеноста на НАТО на безбедноста на Западен Балкан и изјави дека Алијансата го „остврува својот удел во изградбата на регионаната безбедност со регионалните партнери“.

– Некои земји од регионот веќе влегоа во нашиот сојуз, а уште некои тежнеат кон тоа, рече Столтенберг и напомена дека „НАТО има регионална канцеларија во Сараево, Белград и Скопје, чија цел е поттикнување на дијалогот и практичната соработка“.

Столтенберг рече дека НАТО „целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и нагласи дека иднината на регионот е во евроатланското семејство, укажувајќи на потребата од намалување на сегашната затегнатост на Западен Балкан, за да се избегнат инциденти и судири.

Тој појасни дека НАТО сака да ја продлабочи својата соработка со Србија, почитувајќи ја нејзината неутралност, како соработката со Австрија, Швајцарија и Шведска.

Најчитани вести