Столтенберг пристигна во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пристигна во Скопје на неговата дводневна работна посета. Вечерва тој се сретна со делегација од македонската Влада, предводена од премиерот Зоран Заев.

Утре се очекува Столтенберг да одржи средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со останати функционери.

Генералниот секретар на НАТО утре ќе се обрати и пред пратениците во македонското Собрание.