Столтенберг: Руската поддршка за Асад само ќе ја продолжи војната во Сирија

Континуираната руска поддршка за сирискиот претседател Башарал Асад само ќе ја продолжи војната во Сирија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, објави МИА.

– Русија би требало да игра конструктивна улога во борбата против „Исламска држава“, но нејзината поддршка за режимот на Асад не е конструктивна. Со тоа само се продолжува војната во Сирија – изјави Столтенберг во обраќањето на пленарната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во норвешкиот град Ставангер.

Тој призна дека „во моментов политичко решение во Сирија се чини дека е неостварливo и не многу реално“, но истакна дека тоа „нема алтернатива“, пренесе ТАСС.