четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 19

Столтенберг: Турскиот народ покажа голема храброст

Ја поздравувам силната поддршка што е прикажана од страна на луѓето и сите политички партии на демократијата и на демократски избраната Влада, вели Столтенберг.

stoltenberg

Поврзани вести

Генералниот секретар на Северно-атлантската алијанса, Јенс Солтенберг, попладнево изјави дека остварил контакт со турскито претседател Реџеп Таип Ердоган, по петочниот неуспешен обид за воен удар во Турција, посочувајќи дека на привот човек на турската република му порачал дека НАТО „го поздравува тоа што турскиот народ покажа голема храброст“ при петочните настани, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Разговарав со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, во периодот по обидот за државен удар во Турција. Ја поздравувам силната поддршка што е прикажана од страна на луѓето и сите политички партии на демократијата и на демократски избраната Влада. Турскиот народ покажа голема храброст – вели Столтенберг.

Според првиот оперативец на Северната алијанса, тој на Ердоган му го пренел своето сочувство кон семејствата на невините луѓе што ги загубија своите животи и им посака брзо закрепнување на оние кои биле повредени. Притоа, Столтенберг уште еднаш го осуди обидот за државен удар во Турција и ја повтори целосната поддршка на демократските институции во Турција.
– Да се биде дел од една единствена заедница на вредности, тоа е од суштинско значење за Турција, како и за сите други сојузници, за да се обезбеди целосно почитување на демократијата и нејзините институции, уставниот поредок, владеењето на правото и основните слободи. Турција е ценет сојузник во НАТО, со кого сме солидарни во ова тешко време – порача Јенс Столтенберг.

Најчитани вести