сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 3

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Се отворија Stone Bridge Suites, 23 луксузно опремени апартмани кои ќе се издаваат под наем во рамките на современиот бизнис и резиденцијален комплекс CAPITOL Mall & Residence во Скопје.

_MG_4020

Поврзани вести

Се отворија Stone Bridge Suites, 23 луксузно опремени апартмани кои ќе се издаваат под наем во рамките на современиот бизнис и резиденцијален комплекс CAPITOL Mall & Residence во Скопје.

Апартманите претставуваат круна на успешната долгогодишна приказна на професионалниот тим кој стои зад луксузниот хотел Stone Bridge во центарот на градот. Искуството на тимот во угостителските дејности придонесе да се создаде поинаков модел на хотелијерство и сместување кој одговара на потребите на гостите, чиj приоритет е да добијат хотелски третман во домашен амбиент.

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Апартманите се погодни за сместување на бизнис  партнери и други гости, бидејќи нудат комоција, а третманот кој го добиваат гостите е хотелски. Тие имаат промотивна цена од 50 евра од први јуни до први септември 2016.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат и да се чувствуваат како дома, а истовремено да ги користат сите придобивки како во хотел од висока категорија.

Секој од апартманите  во Stone Bridge Suites се простира на 72м2 модерно уреден простор, целосно опремен со функционален мебел. Исполнети со природна дневна светлина и стилски избор на комфорен мебел, апартманите овозможуваат поинакво сместувачко искуство во градот. Апартманите се со 24 часовно обезбедување, гостите имаат обезбедено користење на фитнес центар, како и бесплатен паркинг, а влезот од паркингот до апартманите е преку приватен лифт . Секако преку услугите на 24 часовната рецепција можат да добијат и дополнителна услуга, доколку имаат потреба.

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Stone Bridge Suites се апартмани каде гостите уживаат беспрекорни услуги на луксузен хотел, а ја чувствуваат посакуваната приватност како во својот дом. Замислен е таков модел на угостителство и домување кој им овозможува на гостите безгрижен престој во просторен и целосно опремен апартман кој може да се резервира и за повеќемесечен престој по прифатлива цена.

Stone Bridge Suites апартманите  имаат комплетно опремена кујна подготвена да одговори на кулинарските потреби на гостите, кои уживаат во приготвувањето на храна за себе и своите блиски. Спална соба опремена со пространи кревети со софистициран, анти-алергиски душек. Купатило со сите неопходности за приватниот престој на гостите и нивните семејства. Елегантен дневен престој, со пространа гарнитура, ЛЕД ТВ приемник со голем избор на сателитски програми и панорамски поглед кон градот и околните планини.

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Stone Bridge Suites апартмани – хотелски третман во домашен амбиент

Апартманите се во локациска предност од секој можен аспект што овозможува брз и лесен пристап до скопскиот аеродром и деловниот центар на градот, а како составен дел на Капитол мол и достапност на сите атрактивни содржини на еден современ трговски центар. Ексклузивни бутици, ресторани и кафулиња, куглана, детска игротека и фитнес центар, аптека, супермаркет, се само дел од можностите кои на гостите на Stone Bridge Suites им се на прагот.

Најчитани вести