Стоп операција Сорос: Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата Стоп операција Сорос започна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД, се истакнува во соопштението на иницијативата.

Стоп операција Сорос изразува големо задоволство од донесената одлука на Џудишал Воч да поднесе тужба против УСАИД Македонија и американскиот амбасадор Џес Бејли. Во писмената изјава се истакнува дека најреномирана правна организација од САД на 6 февруари 2017 година поднесе официјално барање до Стејт Департментот, УСАИД и амбасадата на САД во Република Македонија, да ги достават сите материјали, вклучително и нивната коресподенција, кои се во интерес на истрагата, но одговорот од повиканите изостанал. Изразуват зачуденост од покажаната незаинтересираност и игнорантскиот однос на УСАИД и амбасадорот Џес Бејли кон истражителите.

„Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата Стоп операција Сорос започна да дава резултати. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата Фондација со УСАИД. Во САД алармиравме за злоупотребата на финансиски средства од американските даночни обврзници, кои се наменети за развој на државите, а со истите во Република Македонија се финансираа активности на политичка партија. Со тоа се кршеше Точка 1. од Член 41 од „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ во која е уредена забраната на дипломатите да се мешаат во внатрешните работи на државата кај која се акредитираат. Очекуваме сомневањата кои беа содржани во материјалите испратени до Вашингтон да бидат докажани односно отфрлени во судска постапка, а обвинетите да бидат соодветно санкционирани односно ослободени“, се склучува во изјавата на СОС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.