Организациите на Сорос со години наназад добивале милионски суми пред изборите во Македонија

Организациите НВО Инфоцентар, МОФ, Хелсиншки комитет, Метаморфозис, Акција плус Ресен, Фокус Велес, Факултет за работи што не се учат, Аква Струга, Огранизација на жени на општина Струмица, Центар за современи уметности, Џев и многу други фондации се само дел од оние на чии сметки легнувале милионски суми за време на предизбоните процени во Македонија во изминатиот период, велат од Граѓанското движење Стоп Операција Сорос.

Граѓанското движење Стоп операција Сорос денеска ја поздрави и иницијативата на конгресмените од САД кои се заинтересираа за активностите на американскиот амбасадорот Џес Бејли и поведоа истрага за неговата пристрасност за време на извршувањето на функцијата во Македонија, како и за начинот на финансирање на невладини организации со пари на американската амбасада.

Тие на денешната пресконференција ја претставија мрежата на финансирање на организациите во Македонија кои се под капата на Сорос.

-Паричните средства во една третина од невладините организации кои се под капата на фондацијата отворено општество не доаѓаат само од фондацијата отворено општество, туку парите се префрлаат ФО Македонија, на невладини како Метаморфозис или НВО инфо центар, за подоцна овие невладини организации или како што е Хелшинскиот комитет да ги пренасочуваат парите кон овие помалите огранизации на целата територија на Македонија. Во време кога на македонската политичка сцена имаме турбуленции, како и пред одржување на  избори, покрај одредениот буџет на овие организации во даден момент имаме одлив на средства на нивните сметки, токму пред почетокот на кампањата на изборите. Таков е примерот пред изборите во 2014 година, пред почетокот на парламентарните избори, а таков беше и примерот во 2012 година кога всушност се најави и политичката криза во Република Македонија, и покрај годишниот буџет биле долеани дополнителни средства, вели Никола Србов.

Тој исто така потенцираше и дека точно пред да се дознае денот на изборите во 2016 година од сметката на Отворено опшетство легнале милионски суми во организациите во Македонија.

Цветин Чилиманов вели дека изминатиов период  до нив стигнувало доста жалење за злоупотреба на овие финансиски средства кои биле користени за партиски активности исклучиво на партијата СДСМ во пресрет на изборите 2014 и 2016 година и при почетокот на политичката криза во 2012 година.

-Фондацијата за отворено општество јасно се гледа дека нејзината примарна дејност за вршење на граѓанската дејност, проекти и активности не ги исполнува, туку таа е дел од партијата СДСМ и таа отвора партиски клубови на партијата, а некои и од огранизациите влијаат и централно и наметнуваат и одредени ставови и мислења на ниво на целата држава, вели Чилиманов.

Тој вели дека ова се помали организации кои дејствувале како партиски штабови на СДСМ финансирани од страна на фондацијата Сорос, а овие информации ќе бидат преведени и на англиски јазик и ќе бидат доставени и до новата администрација на претседателот во доаѓање Доналд Трамп во Вашингтон.