Стопанката комора ја зајакнува соработката со Кина

Стопанската комора на Македонија најави интензивирање на бизнис соработката со Кина преку Деловниот совет во кој членуваат и стопанските комори на Албанија, БиХ, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, и Словенија, објави МИА.

Целта на Деловниот совет е да ја поттикне економската соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, особено во делот на заеднички инвестиции, трговска размена и технолошка соработка, како и во делот на трговијата меѓу сите учесници.

Покрај стопанските комори, во Деловниот совет учествуваат и бизнис-асоцијации и агенции за инвестиции и развој на претпријатија.

Првиот иунаугуративен состанок ќе се одржи во Катовице, Полска за време на 7. Европски економски конгрес, а на него ќе учествува и потпретседателката на Стопанската комора Јелисавета Георгиева. Членовите на Советот ќе ги утврдат основните принципи и насоки на делување во наредниот период.

Нацртот на Деловниот совет е концепиран на 26 ноември 2013 година, за време на Вториот самит на претседатели на владите на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа во Букурешт. Овој концепт е исто така дел од „Букурешките насоки за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа“, потпишан истиот ден. Деловниот совет е установен врз основа на Белградските насоки потпишани за време на Третиот самит на претседателите на владите од Кина и земјите од Централна и Источна Европа на 16 декември 2014 година.

Комората, како што најавува, преку Деловниот совет ќе воспостави врски меѓу компаниите, коморите и другите јавни и приватни организации од деловниот сектор на Кина и ќе иницира добри практики во економската соработка меѓу македонските и кинеските фирми, заедничка промоција и соработка за поттикнување на развојот на трговските врски, вклучување во заеднички економски проекти, вклучително и инвестициски, организирање стопански форуми за време на редовните состаноци меѓу претседателите на владите, како и учество на саеми и други настани од областа на стопанството.

Стопанската комора воедно ќе го искористи членувањето во Деловниот совет како платформа за размена на информации во врска со активностите што членките ги презеле за поттикнување на инвестициите и трговијата со Кина.

Согласно документот „Белградски насоки за соработка помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа“, активностите на Деловниот совет ќе бидат сосредоточени на создавање информативни механизми со цел подобро да се разберат деловната клима и опкружувањето во земјите од Централна и Источна Европа и Кина, како и постојанСтопанката комора ја зајакнува соработката со Кино да се споделуваат информации за трговија, пристап до пазари, модели за соработка и инструменти за финансирање, како и унапредување на урамнотежена трговска размена меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, меѓу другото и со организирање на различни настани.

Следниот состанок на Деловниот совет ќе се одржи за време на Саемот за деловна и технолошка соработка меѓу Кина и ЕУ во Ченгду, провинција Сичуан, Кина, во ноември  оваа година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.