Стопанска банка а.д. Битола официјален партнер и спонзор на Скопски mаратон 2018

Стопанска банка а.д. Битола и оваа година ја ужива привилегијата да биде единствената Банка која е дел од најмасовната спортска манифестација која се одржува на овие простори – Скопскиот Маратон. Како спонзор и официјален партнер на Маратонот Стопанска банка а.д. Битола ја изразува својата поддршка кон спортската култура, здравиот начин на живот, а со тоа и кон настаните од овој тип на кои преку заедничка дружба и сплотеност се раздвижува духот на градот.

Оваа година, на 6ти мај скопските улици ќе бидат оживеани од чекорите на илјадници учесници од преку 50 држави од целиот свет. Сите ние ќе ја почувствуваме неверојатната енергија и позитива  на учесниците кои без разлика дали за рекреација, хуманитарно, професионално или едноставно од љубов кон трчањето ќе застанат на старт линијата.

Стопанска банка а.д. Битола како најголем пријател на овој настан и поддршка на сите учесници, само за оние кои ќе учествуваат и ќе бидат дел од трките обезбедува Mastercard кредитна картичка со специјални услови – најниска каматна стапка од 5,99%, 0 МКД чланарина, 0 МКД надомест за СМС известување и бесплатна Mastercard дебитна картичка.

Стопанска банка а.д. Битола е дел и од 6-тата Женска трка која ќе се одржи на 1ви април, а која е дел од промотивните трки на Скопскиот Маратон. Во оваа трка ќе учествуваат повеќе од 1500 припаднички од женски пол, без возрасно ограничување, а Стопанска банка а.д. Битола како спонзор и поддржувач на трката ќе обезбеди подароци за учесничките.

За сите учесници и посетители на Скопскиот маратон и Женската трка Стопанска банка а.д. Битола дополнително подготвува и посебни забавни содржини. Тимот на Банката ве очекува на заедничко дружење, сликање и забава, а ваша обврска ќе биде само да уживате во дружбата, да се сликате и да ги споделите сликите со хаштагови на Банката. За оние кои ќе соберат најмногу лајкови на споделените објави ќе следуваат и многу интересни награди.

Стопанска банка а.д. Битола секогаш размислува и за најмалите и со особено задоволство учествува и поддржува настани огранизирани токму за нив. Оваа година, Банката ќе биде дел и од најубавиот детскиот мини маратон и ќе ги бодри малите ,,големци’’ кои ќе ја освојуваат целта.

На сите учесници на Скопскиот Маратон, Женската трка како и Детскиот мини маратон, Стопанска банка а.д. Битола им посакува многу среќа. Се гледаме на целта!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.