сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Стопанска комора: Да не се кратат средствата за инфраструктурата

Сите оние планови кои се зацртани од страна на институциите за реализирање на овие капитални проекти треба да продолжат и во иднина затоа што од нив во голема мера зависи и економското делување на компаните во следниот период, изјави Билјана Пеева - Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.

Последни вести

За Стопанската комора на Македонија е важно при ребалансот на буџетот да не се врши непотребно кратење на средствата кои се наменети за инфраструктурни проекти.

Се надеваат дека плановите на институциите за реализација на овие капитални проекти ќе продолжат и во иднина со зацртаната динамика, објави МИА.

– Она што е важно за бизнис заедницата е што при секој ребаланс на буџетот треба да се има предвид фактот да не се врши непотребно кратење на средствата што се наменети за развој на инфраструктурата, независно дали се работи за патната или железничката инфраструктура. Сите оние планови кои се зацртани од страна на институциите за реализирање на овие капитални проекти треба да продолжат и во иднина затоа што од нив во голема мера зависи и економското делување на компаните во следниот период, изјави Билјана Пеева – Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.

Во однос на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, од Стопанската комора на Македонија велат дека засега не се очекуваат некакви поместувања во соработката.

–  Засега не може конкретно да се каже какви последици ќе има тоа врз македонското стопанство бидејќи и во рамки на Унијата сеуште не е прецизно јасно како ќе се постапува и како ќе се дефинираат условите за излез на Велика Британија од Унијата. Согласно информациите и консултациите што ги направивме со компаниите коишто соработуваат со Обединетото Кралство, засега не се очекуваат некакви поместувања и назадни трендови во соработката, рече Пеева – Ѓуриќ.

Велика Британија е втор надворешно-трговски партнер на Македонија. Во првите четири месеци од годинава вкупниот обем на размена изнесува 254 милиони американски долари од кои приближно 20 милиони долари се извоз за Велика Британија.

Најчитани вести