Стопанска комора: Ќе се заложиме за решавање на случаите на „Европа“ и на „Макпрогрес“ во Србија

Стопанската комора на Македонија ќе се заложи за целосно решавања на случајот со обвинувањата за повреда на трговските марки на српката „Пионир“ од страна на „Европа“ за производот „Бонбон ноар“ и за „Медењаците“ на „Макрпогрес“.

„Во функција на обезбедување рамноправен третман на учесниците во постапката за повреда на правата од индустриска сопственост, која е поведена во Србија, Стопанската комора на Македонија во рамките на својата деловна соработка со Стопанската комора на Србија ќе се заложи за целосно решавање на овие случаи во најкраток можен рок во легално спроведени процедури“, велат од Стопанската комора на Македонија.

Според нив целта е засегнатите македонски компании, преку своите застапници во Србија, да ја утврдат и докажат фактичката состојба и да продолжат со своите повеќегодишни извозни активности на овие производи кои се присутни и препознатливи по својот квалитет на пазарите во регионот и пошироко.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.