Стопанската комора ја одбележа 93 годишнината од постоењето

Со Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански комори (АБК), доделување награди за најуспешните и потпишување договор за соработка со Унијата на комори и стокови берзи на Турција за основање Македонско-турски работен комитет за унапредување на економската соработка и интензивирање на трговската размена меѓу двете земји, Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје одбележа 93 години од коморското работење.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески посочи дека токму Стопанската комора ќе биде седиште на двата конзорциума кои во наредните години ќе работат на подобрувањето на протокот на стоки и услуги на коридорите 8 и 10 како клучни во овој регион.

Во мај, како што најави тој, ќе организира конференција во Охрид на 200-те најголеми бизнис лидери на Балканот на која ќе се фокусира на железницата како можност за зголемување на проодноста на коридорите 8 и 10.

– Кон крајот на минатата година поведовме иницијатива да ја прогласиме 2015 за година на конкурентноста, а Владата на Република Македонија ја поддржа. Ќе следи година во која ќе се направат многу активности и ќе се разрешат многу прашања кои беа отворени на тој план и ќе произлезе состојба во која зад нас дефинитивно ќе ги оставиме и приватизициите и транзициите и ќе се сконцентрираме кон намалување на трошоците што како импут водат кон поголема цена и намалување на нашата конкурентност. Тоа значи дека ќе имаме година во која ќе водиме мачни и тешки преговори за секој наш денар и евро или долар на странските пазари, битка која ќе значи опстанок на македонската економија во услови во кои домашниот пазар е претесен да можеме да ги оствариме нашите цели и амбиции, потенцира Азески.

1stavreski500

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески посочи дека 93 години од постоење е исклучително голем и значаен јубилеј.

– Република Македонија успешно се справува со предизвиците и во изминатиот период заедно со Турција и Ирска имавме највисок раст во Европа од близу 4 проценти. Очекуваме растот да продолжи и во следните години. Доколку состојбата во Европа се стабилизира и се сотвари барем малку повисок раст, македонската економија ќе може да оствари стапки на раст меѓу 4 и 4,5 проценти што ќе помогне да продолжат позитивните движења во делот на намалување на невработеноста и зајакнување на конкурентноста на фирмите, порача Ставрески.

Тој нагласи дека како Влада деаваат безрезервна поддршка конкурентноста во 2015 година да биде ставена на приоритетно место, но и во подолг временски период.

– Конкурентноста на економијата и на фирмите претставува широк концепт за кој се потребни значајни реформи и отворен дијалог со сите за да се подобри и зајакне. И во изминатите години заедно со коморите Владата работеше на зајакнувањето на македонската економија. Се виде во услови на криза дека не е најзначајно на краток рок да се постигне што поголем раст, туку како да се направи македонското стопанство да биде поконкурентно и да може на среден и долг рок да остварува високи стапки на економски раст. Тоа подразбира што повеќе фирми да станат поконкурентни и да можат да извезуваат, појасни Ставрески.

stavreski500

Конкурентноста, нагласи, подразбира подобрување на инфраструктурата, односно подобрување на патните и железничките транспортни коридори.

– Коридорот 8 и 10 се нашите приоритети. Новина е дека Владата е веќе во поодмината фаза на разговори со Светска банка за финасирање на деот од коридорот 8 од Ранковце кон границата со Бугарија. Очекувам некаде наесен Светска банка да го одобри тој проект и да се исфинансира комплетно нова траса на патот од Ранковце до Крива Паланка во првата фаза, а во втората фаза да следи рекнострукција на патот од Крива Палакна до гранцата со Бугарија и да се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија. Во исто време работиме и на проектната документација за железничката пруга кон Албанија од Кичево до Лин. Со европските институиции, пред се со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка имаме разговарано и за финасирање на тој проект штом се комплетира документацијата и сите студии што се потребни, прецизира Ставрески.

Потенцира дека конкурентноста подразбира и инвестиции во човечкиот фактор и во образованието.

– Во таа насока ќе продолжиме со издвојување на значителен износ на буџетски средства за дополнување на квалитетот на образовниот кадар што излегува од факултетите и средните училишта за да ги има знаењата и вештините што им се неопходни на бизнис секторот. Ветувам дека Македонија како и досега ќе остане земја со највисок степен на ценовна и трошковна конкурентност, односно најниски даноци во светот како што и моменталната ефективна даночна стапка од 7,4 проценти е најниска во светот, рече Ставрески и додаде дека како Влада ќе останат стабилен партнер на бизнис заедницата.

Претседателот на Унијата на комори и стокови берзи на Турција и потпретседател на Јурочемберс, како и претставник на АБК, Рифат Хисарчиклиоглу посочи дека Стопанската комора на Македонија во изминатите години заврши извонредна работа во негувањето на економските односи со земјите од АБК.

– Македонската економија и покрај кризата е во пораст и продолжи со својот стратешки раст, а извозниот потенцијал на Македонија стана привлечен за странските инвеститори, рече Хисарчиклиоглу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.