Стопанската комора на Илиноис импресионирана од условите за инвестирање во земјава

Лаура Ортега, директорката на Стопанската комора на Илиноис, чии членови се компании од листата на 500 најдобри, истакна дека е импресионирана од можностите кои Македонија ги нуди за инвестирање.

– Имаме околу 3.500 членови во Илиноис, од големи до средни и мали претпријатија. Најголем дел од нашите членови се компании од листата Fortune 500, кои имаат канцеларии во Илиноис, посочи Ортега.

Таа додаде дека присуствувала на голем број на бизнис форуми низ светот но најмногу ја импресионирале токму можностите за започнување на бизнис во Македонија.

– Импресионирана сум од презентациите кои ги слушнав вечерва за Македонија и можностите кои ги презентираа. Компаниите зборуваа за бизнис климата. Како што реков, импресионирана сум и подготвена да ја пренесам оваа информација во мојата компанија за да се оствари потенцијална соработка, истакна Ортега.