Стопанската комора на Македонија одбележува 94 години

Наградите ќе ги врачи претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, а најавено е присуство и на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Во рамки на одбележувањето, директорот на Делегацијата на германското стопанство во Република Србија Мартин Кнап ќе одржи презентација на тема „Обезбедување стручен и квалификуван кадар во согласност со потребите на бизнисот – воведување дуелен систем во средното стручно образование“.