Стопете ги вишокот килограми со цитрон

Освен тоа што изобилуво со витамини и минерали, цитронот ги прочистува цревата, помага при тегоби со крвните садови, го забрзува метаболизмот и е одлучен сојузник при слабеењето.

Еве три причини поради кои треба да се јаде цитронот кога сакаме да ги намалиме килограмите:

1.Го нормализира шеќерот во крвта

Во ова магично овошје се наоѓаат некои состојки кои можат да го намалат нивото на инсулинот. Помало количество на инсулин значи дека организмот ќе ја користи храната повеќе за енергија а помалку за складиштење на залихи како масно ткиво. Чоколадото за „енергија“ тоа сигурно не го прави!

2.Долго ве одржува сити

Цитронот е полн со влакна поради што долго ве одржува сити, и ја намалува можноста од непотребно грицкање. Пола цитрон содржи околу 50-тина калории и 2 грама влакна. Ако јадете еднаш дневно по половина цитрон, докажано е дека побрзо ќе ги губите килограмите, особено ако го јадете наутро за појадок.

3.Мирисот го намалува апетитот

Ако сакате цитронот да ви помогне во слабеењето, тогаш пред да го изедете, треба некое време да го мирисате! Имено, неговиот мирис го намалува апетитот, а се верува дека за ова негово својство е заслужно маслото од цитрон чиј мирис делува врз ензимите на црниот дроб со што се намалува желбата за храна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.