Свет

Стопиран германскиот извоз на воена опрема за Русија

Стопиран германскиот извоз на воена опрема за Русија

Германија го стопираше извозот на воена опрема за Русија „ поради моменталната политичка ситуација“, соопшти германската Влада.

Не е наведено за кои производи се однесува забраната за извоз на воена опрема за Русија, но ниту една испорака не се однесува на воената техника, како на пример тенковите и ракетите.

– Речиси 70 отсто од воената опрема вредна приближно 5,2 милиони евра е ставена на чекање, се посочува во соопшението на Министерство за економија.