среда, 28 декември 2016  |  Вести денес: 49

Стопиран транспортот на мигранти на македонско-грчката граница

migranti

Последни вести

Oд 350 до 400 мигранти не можат да го продолжат патувањето кон север поради блокадата на Словенија. Тие  се надеваат дека тоа брзо ќе им биде овозможено, јави дописникот на МИА.

Последните 1.557 мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак го напуштија гевгелискиот камп вчера до попладневните часови и од тогаш транспортот на бегалци е прекинат.

На бегалците што се затекнаа во ПТЦ Гевгелија им се пружаат сите услови, од сместување до медицинска помош, но тие не сакаат да останат тука и, како што велат, се нетрпеливи да продолжат кон земјите од ЕУ.

Наплив на нови мигранти нема затоа што и од грчка страна, од кампот во Идомени, затворен е преминот на наша страна кај граничниот камен 59, а воопшто нивниот транспорт во Грција е запрен и поради штрајк на поморските транспортни работници.

Најчитани вести