Свет

Стотата годишнина од Октомвриската ревлуција минува тивко

Стотата годишнина од Октомвриската ревлуција минува тивко

Денеска (25-ти октомври по јулијанскиот календар) се одбележуваат сто години од почетокот на Октомвриската револуција којашто доведе до формирање на поранешниот Советски сојуз, меѓутоа во Русија тешко може да се надје настан со кој отворено се слави овој некогашен комунистички убилеј.

На Црвениот плоштад во Мосвка се одржа воена парада коајшто ја следеле повече од седум илјади луѓе, пишува дневниот весник Росискаја Газета. Меѓутоа, таа не беше посветена на револуцијата, туку на настан од 1941 година, за време на Втората светска војна, кога десетици илјадни советски војници од тоа место тргнале во борба против германските и другите нацисти кои стасаа до московските предградија. Опишувајќи ја парадаа, весникот не наведува дека таа оригинално била посветена на годишнината од советската револуција.

„За повеќето Руси победата во Втората светска војан и натаму е најважниот настан во ХХ век“, вели за германската агенција DPA, Марија Снегова, политички аналитичар.

Според неа, значењето на револуцијата од советската ера се намалува и во желбата да ја сочува стабилноста на општеството, руската влада преземала мерки да ги стивне нејзините прославувања. Годишнината го замени Денот на победата, како клучен настан од новиот период, вел Снегова.

Руската Комунистичка партија, сепак, планира да ја одбележи годишнитената од Октомвриската револуција, којашто и натаму се смета за една од повлијателните политички сили во земјата, иако во голема сенка на владејчакта партија Единствена Русија.

Како што е најавено, руските комунисти треба да одржат собир во центарот на Москва подоцна во вторникот, меѓутоа се чини дека тоа повеќе ќе биде протест отколку прослава, бидејќи според најавите на некои од паролите со нив се осудува зголемувањето на цената на комуналиите и се бараат поголеми даноци за богатите.