Стотици Албанци се откажуваат од албанското државјанство

Се зголемува бројот на албански државјани, кои се откажуваат од своето, со цел да добијат државјанство главно на некоја од земјите членки на ЕУ.

„Ова го прават за да добијат државјанство на друга земја, односно на некоја од земјите на ЕУ“,  велат во Дирекцијата за државјанства и емиграција при Министерството за внатрешни работи на Албанија.

Во последните пет години од албанско државјанство се откажале четири илјади лица, а интересот продолжува со зголемен интензитет.