Стотици илјади Израелци на погребот на стогодишниот ултраортодоксен рабин

Стотици илјади ултраортодоксни Евреи се собраа во вторникот на улиците на предградие од Тел Авив оплакувајќи го 104-годишниот ултраортодоксен рабин Штејнман кој имаше големо влијание врз израелската влада.

Рабинот Ахарон Jехуда Леиб Штејнман го предводеше Советот на мудреците кој ја надгледуваше малата пратеничка фракција Дагел Хахорах, дел од партијата Обединета Тора јудаизам, од којашто често зависеше кој ќе биде на власт во Израел.

Штејнман, на пример, ја прекина традицијата и премолчно се согласи на регрутирање на војниците верници во првата ултраортодоксна единица на изралеската војска.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху, чијашто влада вклучува ултраортодоксни партии, изјави дека еврејскиот народ ја „загубил клучната светлина на духот, наследството и моралот“.

Полицијата проценува дека на погребната процесiја се собрале неколку стотици илјади луѓе, облечени во традиционалната ултраортодоксна облека.

Штејнман, роден на територијата на денешна Белорусија, ја предводеше својата зедница на ултраортодоксните евреи по потекло од Литванија од 2012 година.