Балкан

Стотици луѓе од БиХ останаа без дом поради свлечиштата

Стотици луѓе од БиХ останаа без дом поради свлечиштата

Околу 300 свлечишта се регистрирани по поплавите во БиХ, а истите уништија огромн број домови.

Речиси една третина од територијата на БиХ, пред се североисточниот дел на земјата, наликува на езеро од кал.

Според босанските власти околу еден милион луѓе или над една четвртина од земјата живее во најпогодените зони. Селото Хорозовина во близина на Тузла е поделено на два дела поради лизгањето на земјитштето. Во свлечиштето уништени се осум куќи, а над сто се под закана.

Реоните долж реката Сава се под вода, а на некои места нивото на водата се зголемува. Стотици луѓе беа спасени со хеликоптери од поплавените градови и села.

Градоначалникот на Ораше испрати барање за помош. Ораше се наоѓа меѓу реката Сава од една страна и од друга страна е реката Босна, која веќе се излеа.

Повеќе од 10.000 луѓе се спасени од градот Бијелина, североисточна БиХ.