Стотици Македонци тргнаа кон Софија да навиваат за Реал Мадрид

Реал Мадрид вечерва против Лудогорец во Софија ќе го одигра вториот меч од Лигата на шампионите.Со оглед на близината на Софија и Скопје, стотици македонски фанови на „Кралскиот клуб“ се упатија кон главниот град на Бугарија за да навиваат за Реал Мадрид.

Неофицијално групата брои околу 500, а патувањето е организирано, односно целата група заедно ќе отпатува и ќе се врати од Софија.