Балкан

Стотици мигранти чекаат на кал и дожд на ничија земја

Стотици мигранти чекаат на кал и дожд на ничија земја

Стотици мигранти меѓу кои жени и деца се оставени да чекаат на границата меѓу Србија и Хрватска откако хрватската полиција постави ограда за контрола на бегалскиот бран.

Хрватската полиција соопшти дека над 4.000 мигранти се наоѓаат во бегалскиот камп во Опатовац, близу границата со Србија.

Големиот број бегалци на границата е поради затворањето на границата од страна на Унгарија со Хрватска и бегалците се пренасочуваат кон Словенија.

Двомилионската Словенија дневно ќе прима денвно по 2.500 мигранти, нагласувајќи дека тоа е лимит на луѓе што може да продолжат кон Австрија, пренесува МИА.

– Немаме веќе чадори, вели Рамиз Момени, директор на Хуманитас, хуманитарна организација со седиште во Лондон кои помагаат на српско-хрватската граница.