Стотици мигранти и натаму секојдневно пристигнуваат на грчките острови

Стотици мигранти продолжуваат секојдневно да пристигнуваат од Турција на грчките острови во Егејското Море, соопшти грчката полиција.

Како што јави ТАСС, според полициските податоци, од вчера изутрина, па до утрово, на островот Лезбос пристигнале 74 мигранти, на Хиос 89, а на Самос тројца.

Во прифатните бегалски кампови на Лезбос има 2.690 луѓе, на Хиос 1.766 и на Самос 479.

Претпладнево, првиот брод со илегални имигранти, кои треба да бидат вратени од Грција во Турција според договорот меѓу ЕУ и Анкара, пристигна во турското пристаниште Дики со 131 патници, главно Пакистанци.

Турската Влада очекува околу 400 имигранти да пристигнат денеска од Грција, додека Атина најави депортација на 202 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.