Стотици нови имигранти со чамци пристигнале на грчки острови

Стотици имигранти пристигнале во изминатите 24 часа со чамци на грчки острови во Егејското Море, соопштија грчките власт, пренесува МИА.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека 457 луѓе биле спасени во 12 инциденти крај островите Лезбос, Иос, Калимнос и Кос од понеделникот досега.

Други 304 пристигнале во понеделникот наутро во пристаништето Митилини на Лезбос.

УНХЦР соопшти дека од почетокот на годината досега во Грција пристигнале 48.000 бегалци и имигранти. Грција е на второ место во ЕУ по број на пристигнати бегалци и имигранти по Италија (54.000 луѓе).