Македонија

Стотина патници завеани на Буково

Стотина патници завеани на Буково

Стотина патници утрово беа завеани на Буково, објави порталот „Охриднет“.  Околу 2 часот утрово на превојот Буково на патот од Битола кон Охрид автобусите полни со патници кои се враќале од шопинг тура во Солун биле попречени од  излизгани шлепери.

bukovooo_2-Се јавивме во Центарот за управување со кризи два часа ветуваа помош, но никој не дојде. Единствено полиција која не можеше да направи ништо. Во автобусот имаше и деца беше прав кошмар. На крајот на последниот повик на бројот за помош 195 ни кажаа дека никој не сакал да ризикува и да дојди на Буково. Бевме препуштени сами на себе. Една патничка го повика сопругот со кола да ја земе и прва како најхрабра го напушти автобусот, пешачејки во планина во мрак за да ги помине извртените шлепери. Кога видовме дека патот е прооден сите повикавме такси и заминавме од автобусот, вели еден  од патниците  за Охриднет.

– Најголемата наша среќа е што снегот престана да врне па почна силен дожд. Благодарение на Бог успеавме да се пробиеме и со возила да ја напуштиме планината. Се прашуваме каде е Македонија пат, зошто и при пет сантиметри снег се воведува забрана за движење, кој ги пушти шлеперите да патуваат ако има забрана, каде е Кризниот штаб, каде е Центарот за управување со кризи, до кога вака ќе се однесуваат надлежните, прашуваат револтираните патници.

фото: Охриднет