Стотици демонстранти пред судската палата во Анкара

Неколку стотици демонстранти се собраа денеска пред судската палата во турската престолнина Анкара, во врска со новото рочиште во случајот против турски полицаец кој во јуни уби демонстрант, пренесе „АФП“.

На повик на неколку политички партии и движења околу 700 лица се собрале пред зградата, носејќи со себе антивладини пароли.

Процесот се води против полицаецот, кој за време на антивладините протести на први јуни го застрела 26-годишниот Етем Саресјулок.