Стоук сепак преголем залак за Арсенал

Уште еден непријатен пораз, но сега на гостување во Стоук, доживеа лондонскиот премиерлигаш Арсенал, кој полека но сигурно го губи чекорот во борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига.
Единствениот погодок на натпреварот, постигнат 76 минута беше дело на ирскиот интернационалец, Џонатан Волтерс кој успешно го изведе ударот од белата точка.
Гратската пресметка на “Кревин Котиџ”, дуелот помеѓу фенерџијата на табелата Фулам и претендентот за шампионската титула, Челзи, заврши со сигурен триумф на гостинот од “Стемфорд Бриџ” од 3:1.
Сите три погодока за Челзи беа дело на германскиот интернационалец, Андрес Шурле.
Денеска, но само на хартија, најлесна задач би требало да имаат фудбалерите на Тотенхем кои ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во дуелот против новајлијата во елитното друштво, екипата на Кардиф.
Резултати: Евертон – Вест Хем 1:0, Стоук – Арсенал 1:0, Фулам – Челзи 1:3, Хал – Њукасл 1:4, Саутемптон – Ливерпул 0:3.
Денеска на програмата: Астон Вила – Норвич, Свонси – Кристал Палас, Тотенхем – Кардиф.