Стоун ја спореди реакцијата на американските медиуми на неговиот филм за Путин со Орвеловта „1984-та“

© Showtime/Komandir

Славниот американски режисер Оливер Стоун го оцени пишувањето на американските медиуми на неговиот документарен филм за рускиот претседател Владимир Путин со „еднонеделен фестивал на омраза кон надворешниот непријател“, опишана во антиутопискиот роман на Џорџ Орвел „1984“.

Во интервјуто за рускиот весник Росискаја газета, од коешто делови се објавени на електронската страница на изданието, Оливер Стоун вели дека „Ова беше организирана недела на омразата. Директно од Министерство за вистина“.

Режисерот додава дека го смета за „одвратен“ таканаречениот скандал „Рашагејт“, според аналогијата на аферата „Воткн ргејт“ која избувана во САД во 1972 и 1974 година и заврши со оставка на претседателот Ричард Никсон поради прислушувања на штабот на демократскиот претседателски кандидат, а во врска со актуелните тврдења за наводно руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

„Всушност (медиумите) го мразат Трамп. Но тие некако поврзаа двајца луѓе и се појавува конфузија. Иако тие никогаш не се сретнале, велат дека исплеле голем заговор“, вели Стоун.

Романот на британскиот писател Џорџ Орвел „1984“ го опишува животот во имагинарната тоталитарна држава Океанија чиј главен град е Лондон. Главниот лик, Винстон Смит, работи во Министерството за вистина во одделот за фалсификување на вестите и историјата на земјата согласно актуелната политика на владејачката партија, водена од Големиот брат.

Во мај здружението на сопствениците на американските кино сали United State of Cinema, протестирајќи против политиките на претседателот Доналд Трамп организираше колективни проекции на филмската адаптација на романот во 185 градови низ САД. На почетокот од годинава благодарејќи на зголемената популарност на романот во САД беа отпечатени нови 75.000 примероци на книгата.

Премиерата на документарниот филм на режисерот Оливер Стоун „Интервју со Путин“ (The Putin Interview) се одржа изминатата седмица во САД на кабелскиот телевизиски канал Showtime. Премиерното прикажување заврши во четвртокот, а во петокот издавачката куќа „Hot Books“ ја издаде книгата со целосниот текст од интервјуто.