Стоун: Путин има „ментална власт“ врз САД

Владимир Путин има „некаква ментална власт“ врз САД, тврди американскиот режисер Оливер Стоун во интервјуто за „Росискаја газета“.

– Вие Русите, треба да се гордеете што со воен буџет што е десет пати помал од американскиот, и со економија што е десет пати помала од нашата. вашиот претседател привлекува толкаво внимание. Тоа е просто неверојатно, наведе режисерот на документарниот филм „Интервју со Путин“, што од денеска ќе биде прикажано на руската државна телевизија.

– Тоа е психологија. Путин има некаква ментална власт над САД. Се создава една таква хистерија, параноја, нагласи Стоун.

Тој истакна дека рускиот претседател „многу страда во животот“ од различните критики.

– Тешко ќе најдеш друг таков негативец. Како може да си комбинација од Хитлер и Сталин и при тоа да си најбогатиот човек во светот. Едностано Супермен, иронизира американскиот режисер.

Според сопствените впечатоци, Стоун го опиша Путин како „харизматичен, учтив, човек со гламур“, кој не се стреми кон експанзија на Русија.

– Господинот Путин е еден од најважните светски лидери и бидејќи САД го прогасија за свој непријател, голем непријател, многу е важно да чуеме што сака тој да каже, истакна Стоун во врска со својот филм.

Режисерот, кој го интервјуираше претседателот на Русија, изгледа се однесувал добро кон својот соговорник, кој во последниве четири години е оценет од списанието „Форбс“ како најмоќен човек во светот.

Филмот на Стоун нема да биде прикажан само во САД. Правата за емитување ги купија и компании од Австралија, Велика Британија, Германија, Кина, Италија, Турција, Франција и многу други земји, посочува „Росискаја газета“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.