недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 44

Штрајк на грчките земјоделци, прекин на сообраќајот на „Меџитлија“ и „Богородица“

Граничниот премин Меџитлија денеска повторно ќе биде затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.

Во прекин сообраќајот на граничниот премин „Богородица“

Поврзани вести

Граничниот премин Меџитлија денеска повторно ќе биде затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на овој граничен премин ќе биде во прекин од 9 до 22 часот.

А како што информираат од АМСМ, денес од 12:00 до 14:00 часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот при влез и излез од Р. Грција на ГП ,,Евзони”,  односно од македонска страна на граничниот премин „Богородица“.

Грчките земјоделци протестираат поради незадоволството од најавените пензиски реформи во нивната земја, а ги блокираат и граничните премини со земјоделски машини и трактори.

Блокада на автопатот Атина – Солун

Тие за денеска најавија дека на неопределено време ќе постават блокада на автопатот Атина-Солун, јавија атинските медиуми.

Според најавите блокадата ќе биде поставена во 12 часот по локално време (11 часот по средноевропско верме) во реонот на Темпи.

Грчките земјоделци најавија целосна блокада на автопатот Атина-Солун

Грчките земјоделци најавија целосна блокада на автопатот Атина-Солун

Во реонот на Кукуш има две болкади кон премините „Евзони“ и „Дојран“ на границата кон Македонија, каде возилата се пропуштаат само во текот на ноќните часови по 22 часот.

Грчките земјоделци веќе осми ден по ред го блокираат и преминот „Промахон“ на границата кон Бугарија, каде е фомирана колона од камиони долга 30 километри.

Целосно е блокиран и автопатот Игнација кај клучката Кердалија, каде се паркирани околку 800 трактори, а затворен е и стариот пат Солун-Кавала.

Според грчките медими, патни блокади поставени од земјоделците има во речиси сите реони во Грција, а за оваа недела се најавени блокади со трактори и автобуси и во центарот на Атина.

Земјоделците го одбија предлогот на Владата за учество во денешниот дијалог што ќе се одржи во грчкиот Парламент и инсистираат на повлекување на законските предлози за зголемување на даноците и за реформи на пензискиот систем.

Најчитани вести