Штрајк во Грција против реформите на законот за штрајк

Во Грција во петокот се одржуваат низа штрајкови во бројни јавни служби во знак на протест против реформите на законот за штрајкувањето којашто ја бараат меѓународните доверители.

Порад протестите во Атина значително е нарушен, болниците работат со мининални капацитети, а бродовите се блокирани во пристаништата.

Штрајкувачите протестираат против реформите коишто треба да бидат изгласани, покрај другото, во петокот во парламентот, и со коишто се предвидува дека за штрајк, за да може да се одржи легално, според новото треба да се изјаснат 50 отсто од регистрирани на членовите на синдикатот, наспроти сегашните 20 отсто.

Од почетокот на тешката економска криза во 2010 година, кога дојде до работ на банкрот, во Грција се одржаа педесетина генерални штрајкови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.