среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 14

ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ГРЦИЈА: Со знамето на ЕУ в раце против мерките на Тројката

Температурите во Грција растат паралелно со тензиите во општеството. Вработените на пристаништата во Пиреја и во Солун и денеска го продолжуваат дваесетдневниот штрајк, поради натамошното игнорирање на нивните барања, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

foto protest juni0

Последни вести

Температурите во Грција растат паралелно со тензиите во општеството. Вработените на пристаништата во Пиреја и во Солун  и денеска го продолжуваат дваесетдневниот штрајк, поради натамошното игнорирање на нивните барања, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Според информациите, без проблеми се одвиваат услугите за фери и патничките бродови,  додека целосен прекин и натаму има во однос на услугите за товарните бродови и крузерите. За следната недела се очекува е нова низа на штрајкови.

Од 20 ти до 24 ти јуни најавен е штрајк од грчката федерација за цивилна авијација. Поголеми застои и прекини ќе има во однос на локалните летови, додека меѓународните се очекува да се одвиваат без проблеми.

И јавните превозници најавија штрајк за 21 и 22 јуни, при што јавниот превоз во Атина нема целосно да сопре, туку ќе се штрајкува во неколку различни временски интервали во текот на денот.

Вчера пред грчкиот парламент се одржа опозициски антивладин протест на кои што присуствуваа околу 5.000 лица. На протестот покрај грчките се веаа и знамиња на Европската Унија, иако граѓаните со кои што Нетпрес поразговара, се противат на мерките на штедење што премиерот Алексис Ципрас ги имплементира токму на барање на Тројката.

Тие се предавници. Ние им верувавме, а тие не продадоа. И сега што, нека си одат дома, тоа е единствено решение, вели еден Грк.

Владата да си замине. Тоа е единственото решение, смета друг.

Не мислам дека владата ќе ја напушти власта, тоа не е моето очекување, само дојдов да ја искажам мојата фрустрација, ни изјави трет.

За разлика од штрајковите кои што периодов добиваат на интензитет, на протестот имаше поинаква слика.

Додека пред неколку години, па дури и месеци, токму од протестите на Синтагма започнуваше вистинска војна, овој пат доминираа релативно опуштената атмосфера и киосците за храна.

Најчитани вести