Странците ја смируваат тензијата, откако Заев се обидел да ги измами Албанците за Законот за јазици

(Илустрација: Курир.мк)

Од извори на ДУИ, но потврдени и од други партии на Албанците дознаваме дека и покрај цврстите гаранции кои Зоран Заев ги даде на албанските партии дека по формирањето на Владата веднаш ќе се донесе Законот за јазиците во форма во којашто бил ветен, согласно неговиот карактер се обидел да ги измами и да го пролонгира за по локаните избори.

Порталот Курир.мк, пишува дека според сознанија на неговите извори запознаени со оваа проблематика, тоа предизвикало сериозна реакција кај албанските партнери во Владата, бидејќи процениле дека без тој закон тие тешко ќе можат да очекуваат успех на локалните избори.

Во ДУИ процениле дека нема да можат да го издржат притисокот од БЕСА, но и од гласачите. На крајот Али Ахмети силно му се налутил на Заев и му се заканил со уривање на Владата преку барање нејзина доверба или друга форма. Укажал дека тој влегол во ризик со тоа што напуштил коалиција која носеше резултати, работни места, фабрики и дека тоа мора да го компензира сега, пишува натаму Курир.мк

Во ваквата преписка се вклучиле преставници на меѓународната заедница за навреме ја смират тензијата и почнале со притисок и врз двете страни.

Притисокот кон Ахмети бил во насока дека поголем интерес е да се затворат прашањата со Грција и Бугарија за што им е потребна силна СДСМ и СДСМ која ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и со тоа ќе предизвика смена на раководството и доаѓање на ново раководство кое ќе влезе во заедничко решавање на името со СДСМ или во најмала рака ќе го одмолчи тоа. На Ахмети му било укажано дека во периодов Заев веќе има еден голем проблем за решавање и попуштање, а тоа договорот со Бугарија, важен за патот кон ЕУ, и дека двата проблеми ќе му дојдат многу за еден период.

Од друга страна, кај Заев настапиле со приказна дека ДУИ е во „слободен пад со рејтингот“ и дека ако не се донесе законот „интегративците“ на Али Ахмети ќе бидат поразени од БЕСА на локалните избори, што не го посакуваат, бидејќи сметаат дека БЕСА наводно била под делумно влијание на Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

На Заев му било посочено дека на Ахмети треба да му се помогне, и дека тој ќе возврати со поддршка во вториот круг на локалните избори особено во Скопје и Куманово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.