среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 22

Проектот „Странски експерти за домашни компании“ дава одлични резултати

Со цел подобрување на бизнис климата како и зајакнување на конкурентноста на домашните компании, не само на домашниот пазар, туку и во светски рамки, владата на Република Македонија на почетокот на минатата година започна со активности за практична реализација на проектот „Странски експерти за домашни компании“.

duna-kompjuteri

Поврзани вести

Со цел подобрување на бизнис климата како и зајакнување на конкурентноста на домашните компании, не само на домашниот пазар, туку и во светски рамки, владата на Република Македонија на почетокот на минатата година започна со активности за практична реализација на проектот „Странски експерти за домашни компании“.

Преку ангажирање на странски експерти од различни области македонските компании имаат можност да ги подобруваат организациските, производствените, аналитичките и маркетиншките процеси.

dimce-lazarevski

На двата повици вкупно имаме околу 170 апликации, од испитувањата и резултатите кои ги направивме од првиот јавен повик утврдивме дека се работи за големи придобивки за нашите компании и затоа продолживме и со вториот повик, објасни Димче Лазарески, државен советник за поддршка на мали и средни компании.

На вториот јавен повик кој во рамки на овој проект, аплицирале 64 домашни компании, со вкупно 70 апликации за изразување интерес за ангажирање на странски експерт. Од нив 46 апликации се од мали компании кои имаат од 5 до 49 вработени и 24 апликации кои се поднесени од средни компании кои имаат од 50 до 250 вработени лица. До сега се реализирани 12 мисии а во текот на наредната година ќе се реализираат и останатите.

Зошто е овој проект многу значаен за македонските компании?

Преку овој проект, за прв пат, македонските компании имаа можност од прва рака да учат од искуството на странските експерти. Знаењето кое експертите го имаат акумулирано преку нивните професионални активности во светски рамки, на практичен начин го пренесуваат на македонските компании, со тоа што престојуваат во нашата држава и секојдневно работат со компанијата. При тоа, преку утврдување на нивниот начин на работа, експертите ќе можат да увидат каде е потребно подобрување, а каде надградување, ќе пренесат значајни совети и практични искуства кои на македонските компании ќе им помогнат да се прошират и да станат поконкурентни не само на домашниот туку и на странскиот пазар.

Една од македонските компании кои го искористија овој проект е ДУНА компјутери.

valentina

Овие 20 дена додека го користевме присуството на експертот успеавме директно и во реални рамки да ги увидиме успесите и сите таргети кои што ги поставуваме дека ни се остварени. Можам да кажам дека сме целосно задоволни од мисијата и посебно сме задоволни од фидбекот и од експертизата која што можевме да ја добиеме од некој кој што европски рамки има постигнати големи успеси и се надеваме дека ќе не подготви за сите клиенти од Европа за да можеме европски да пристапиме кон нивните барања, Валентина Иванова, од ДУНА компјутери.

Таа истакна дека се надева оти бенефициите од странската експертиза ќе бидат целосно видливи за три месеци.

ДУНА компјутери има отворено компании во Косово и Србија и планира да се шири и во останатите држави во Европа.

Цели 20 дена рамо до рамо со вработените во ДУНА компјутери работеше и своето долгогодишно искуство го пренесуваше ИТ специјалистот Маријане Пајер, од Swisscontact.

marijane

Она на што ние обрнавме големо внимание беше воспоставување на координација и разбирање за тоа како работат и функционираат различните тимови, како што е маркетингот, програмерите, бизнис аналитичарите се со цел да работат заедно и да даваат резултати. Тоа значи да се насочат на резултат кој ќе значи заеднички квалитет на сите тимови. Навистина беше големо задоволство да се работи тука, затоа што запознав многу добро обучени и многу талентирани луѓе кои сакаа да научат и беа отворени за предизвици: ќе речеа, тоа е добра идеја, ајде да пробаме како ќе функционира. Сметам дека токму поради ваквата отвореност за учење и размена на знаење е причината што успеавме за овој период да направиме многу и да преземеме добри први чекори  во вистинска насока, заклучи Пајер.

Инаку, поради позитивните резултати од досегашната реализација на проектот Владата на Република Македонија и во иднина ќе објавува повик во рамки на „Странски експерти за македонски компании“ и ги повикува македонските компании да ја искористат оваа можност.

Најчитани вести