Странските директни инвестиции бележат раст од шест проценти

Странските директни инвестиции во првите осум месеци од годинава бележат раст од шест проценти. Статистиската покажува дека станските директни инвестиции од јануари до август годинава изнесуваат 153,4 милиони евра и се за 8,7 милиони евра повеќе во однос на тој период лани, пишуваа МИА.

Само во август странските директни инвестиции изнесуваат 27,4 милиони евра и бележат раст од 11,3 насто, односно се за 2,8 милиони евра повеќе во однос на август лани.

Според најавите, до крајот на годината се очекуваат нови странски дирекни инвестиции. Месецов се очекува две американски компании од автомобилскиот сектор да ги објават инвестициите што ќе ги реализираат во земјава.

– Една од тие компании ќе биде лоцирана во зоната Скопје 1- Бунарџик, тоа ќе биде компанијата која ќе вработи околу 500 луѓе. Втората компанија ќе биде во внатрешноста во Македонија, на една нова локација на која не сме имале досега компанија од ваков вид, вработувајќи околу 1.500 луѓе.  Станува збор за две големи компании, реномирани, едни од најголемите компании во САД за производство на компоненти за автомобилската индустрија, вели директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо.

Тој најави дека во наредните три-четири месеци неколку компании официјално ќе ги соопштат своите инвестиции во Македонија.

Извозот од технолошко индустриските развојни зони во првите десет месеци од годинава изнесува 1,2 милијарди евра, а се очекува тој до крајот на годината да достигне 1,4 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.