Странските експерти веќе почнаа да работат со македонските компании

Домашните компании, со нивна согласност, имаат определен минимален партиципативен надоместок за покривање на локалните трошоци за ангажман, како што се на пример за сместување, евентуален локален транспорт на експертот и тоа за периодот за кој тој ќе работи за домашната компанија. Проектот е значајна поддршка за домашните компании.

Ова е втор проект од ваков тип кој го организира државата. Првиот кој беше реализиран во 2014 година даде позитивни резултати. Зголемување на деловните перфроманси, зголемување на капацитетите и отворање на нови работни места се очекуваат и од овој втор проект за кој Владата имаше транспарентен оглас за пријавување на компаниите.

Во рамките на вториот проект веќе 10 странски експерти престојуваа во Република Македонија и работеа со домашните компании. За останатите компании коишто аплицираа на огласот во тек се финалните консултации помеѓу Владата и странските партнерски организации, во коишто се вклучени и самите компании околу утврдување на точниот профил на експертот, точниот кадар кој ќе треба да дојде и допринесе со работа во подобрување на деловниот процес и до крајот на годината најмалку уште десетина нови мисии  на странски експерти ќе се реализираат во Република Македонија. Искуствата од првиот проект се позитивни, голем број од компаниите истакнаа дека како резултат на помошта од домашните компании ги имаат зголемено своите капацитети, уделот на пазарот, имаат отворено нови работни места и ние очекуваме тој тренд на позитивни ефекти да продолжи и понатаму, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На огласот можеа да се пријават компании со најмалку 51 процент домашен капитал, кои постојат најмалку две години и имаат од пет до 250 вработени.

На него аплицираа…