Странските инвестиции го намалуваат бројот на невработени во Штип и источниот регион

Сериозен пад на невработеноста во источниот регион и отворени илјадници нови работни места е резултатот од силните инвестиции на Владата во овој регион  и работата на новите странски инвестиции. Дополнително се очекува продолжување на овој тренд на отворање на нови работни места во ново најавените странски инвестиции во источниот дел како и инвестициите во Штип.

За ова се разговараше и при последната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,  во Штип.

Трендот на пад на невработеноста во општините во источниот дел е присутен во секоја општина. Во Пробиштип досега невработеноста е намалена за повеќе од 50% и се очекува истата да продолжи да се намалува со оглед на новата инвестиција, чија изградба започна оваа недела и со која ќе се отворат нови 280 работни места, како и уште неколку помали инвестиции кои следуваат во наредниот период.

Во Виница и Кочани резултатот од борбата за нови работни места и странските инвестиции во овој регион донесе истотака одлични резултати. Влезот на американската корпорација  Амфенол, инвестициите на холандска Антура како и новоотворените работни места во останатите странски и домашни компании во овие две општини, резултираше со намалување на бројот на невработени во Виница од 3578 лица во 2006 на 1.831 лица, а во Кочани невработеноста од 2006 до сега се намали и за повеќе од 50% односно од 11.170 на 5.229 оваа година.

Уште поголем е бројот на ново отворени работни места во Штип што влијаеше во сериозен пад на невработеноста во градот под Исарот и за што се разговараше при посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во овој град.

2006 беа 12.000 невработени во Штип сега се 2.000 што активно бараат работа, заедно со тие што бараат пасивно 4.000 невработени, рече Груевски.


Ваквиот сериозен пад на невработеноста се должи пред се на странските инвестиции во Штип како и на сериозните инвестиции во проектите од патната инфраструктура на Владата во овој регион со кои дополнително се подобрува економскиот развој и се олеснува патувањето на граѓаните но и на работниците од останатите општини во странските компании во штипската технолошко-индустриска развојна зона.

При посетата на Груевски во Штип беше разговарано дека на листата инвестиции во Штип покрај  на „Џонсон Контролс“, „Техникал текстајл“ и „Актива“ веќе се придодава и италијански „Кондево“ чија градба е при крај и во август започнуваат да ги донесат производните линии, за краток временски период ќе биде пуштен во употреба и новиот објект на „Семак“ фешн кои обезбедуваат текстилни производи за 2000 брендирани продавници во Европа и кои ќе го зголемат бројот на вработени а во разговорот беше истакнато дека интерес за инвестирање во Штип покажала и германската компанија Маер Маер за изградба на голем дистрибутивен центар. Во Штип кај Три чешми се прави и нова индустриска зона и се очекува и во следниот период да продолжи трендот на нови инвестиции во Штип што ќе значи и нов отворени работни места во овој град и во источниот дел на Република Македонија.

При посетата Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и во следниот период ќе продолжи да работи на инвестирање во Штип и источниот регион за што информираше дека до 2020 ќе биде реализиран и проектот аеродром во Штип.