петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Странските инвестиции и владините мерки ја намалија невработеноста во Охрид

Груевски: Имаме сериозно намалување нa бројот на невработени, меѓутоа сеуште е висок. Работите тргнаа во добра насока успеавме да привлечеме неколку крупни компании кои ќе вработат поголем број лица, некои веќе вработуваат, а се развиваат и многу мали бизниси кои отвораат нови работни места

ggggggg

Поврзани вести

Одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на општина Охрид, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски забележа дека градот претходно бил со огромен број невработени, односно со околу 12.300, но оти со мерките кои ги презема актуелната Влада невработеноста паднала на околу 7.000 лица.

– Имаме сериозно намалување нa  бројот на невработени, меѓутоа сеуште е висок. Работите тргнаа во добра насока успеавме да привлечеме неколку крупни компании кои ќе вработат поголем број лица, некои веќе вработуваат, а се развиваат и многу мали бизниси кои отвораат нови  работни места. Многу од нив се помогнати од страна на државата со многуте мерки што ги презема Владата како „Македонија вработува“ и „Македонија вработува 2“, ниските даноци што ги воведовме, најниски во Европа, многу добрата бизнис клима што ја направивме, која од Светска банка е проценета како шестта најдобра во Европа  и 12. најдобра во светот и со редица други мерки и поволности што ги дадовме за приватниот сектор со цел да им помогнеме да одат напред и полесно да можат да вработуваат, рече Груевски.

Странските инвестиции и владините мерки придонесоа за намалување на невработеноста во Охрид, оцени Груевски.

Според него, круна на овие мерки е донесувањето на неколку крупни фабрики како што се ОДВ Електрик и Костал.

– ОДВ Електрик во моментов веќе вработи одреден број луѓе, а до крајот на годината бројот ќе се зголеми. Тие веќе работат во постоечки простории, а наскоро ќе влезат во гринфилд инвестицијата во Технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга каде ќе вработат 1.000 лица. Костал, пак, подготвува простории во поранешен ЕМО, а  наскоро ќе почне со градбата во ТИРЗ зоната Охрид-Струга. И тие планираат 1.000 вработувања, истакна Груевски.

При неодамнешната посета на Македонски Брод тој бил информиран дека голем дел од вработените во КСС доаѓаат од Охрид. Оваа американска компанија треба да вработи 1.000 лица, а планираат и втора фаза со дополнителни 500 нови вработувања. Тоа според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе ја намали невработенбоста во овој регион.

– Се развиваат можности, некои работи се веќе направени, но потребно е да се продолжи со ова темпо, да се продолжи со правење нешта кои ќе помогнат да се отворат што е можно повеќе работни места. За сето тоа е потребно многу работа, мерки, труд, ангажман, но и потребно е да имаме подобра политичка клима во државата за да не ги плашиме инвеститорите што и како ќе биде, туку да доаѓаат слободно без страв и да отвораат нови работни места, подвлече Груевски.

Најчитани вести