Странските инвестиции во Охрид жртви на лажни невладини и новинари манипулатори

Дали Илина Арсова, која во јавноста се појавува како фронтмен на лажната и никаде правно регистрирана невладина организација Охрид ЅОЅ и новинарот Горан Михајловски, од лични причини поврзани со нивниот имот во Лагадин, се борат со лаги и манипулации во јавноста да спречат странска инвестиција во Охрид?!

Ова прашање со денови стои неодговорено oткако пропаднаа сите обиди да се убеди јавноста во лагите пласирани од Арсова, а силно поддржани од Михајловски, кои имаа за цел да прошират лажна вест дека некој во Охрид дозволил градба на објект кој ги немал сите потребни дозволи и се прекршиле повеќе закони.

Имено, Илина Арсова и Горан Михајловски (неговата сопруга) имаат личен имот во Лагадин, и градбата на хотелот во кој инвестира најголемиот туроператор ТУИ директно ги „погодила” и нив, па тргнаа во медиумдска пропаганда на оцрнување на институциите, се со цел да не се наруши нивниот личен комодитет во населбата Лагадин. Оваа населба е изградена во 60-тите години од минатиот век, и тука имот поседувале исклучиво високо позиционирани кадри во Комунистичката партија, поранешната ЈНА и во најголем дел сорабоници на УДБА.

Михајловски и Арсова, кои имотот во Лагадин го наследиле од нивните предци, се предводници на секоја акција која треба да доведе до запирање на секаква инвестиција во близина на нивните наследени куќи, без притоа да размислат колкава штета нанесуваат на туризмот во Охрид, пред се’ преку директен судир со ТУИ, туроператор кој годишно во Охрид носи над 60.000 туристи од Холандија.

„Арамиско насеље“ Лагадин е изграден на самиот брег на Охридското езеро, на падините на самата планина Галичица. Тогашната комунистичка власт во Македонија не се грижела за тоа што населбата ја градела во самата шума, дека ја уништувала природата и дека кога се градела оваа населба не се решил проблемот со третман на отпадни води, кои до градбата на колекторскиот систем во 80-тите години од минатито век, цели 28 години се слевале директно во Охридско Езеро. Оваа населба е еклатантен пример за тоа како се уништувала природата во време на комунизмот, се со цел заслужните кадри на Комунстичката партија, УДБА и ЈНА тука да добијат на подарок од државата луксузни вили, за во нив да го минуваат летниот одмор.

Од самото градење на населбата до денес Лагадин се нарекува и „Арамиско насеље“ бидејќи граѓаните на Охрид комунистичката и Удбашка елита од Скопје (црвената буржоазија ) отсекогаш ја доживувале како криминално друштво.

Имотот кој во тоа време се подарувал или подоцна продавал за бесмислено евтина цена, денес вреди милиони евра. Наследниците на кадрите на УДБА, ЈНА и Комунистичката партија практично од државата добиле подарок кој вреди милиони, а истиот е изграден на начин што е извршено тешко злосторство против природата , поточно ЕКОЦИД.

Иронијата е дотолку поголема што денес, потомците на лицата кои добиле куќи како заслужни комунсти и агенти на УДБА, изградени на простор кој значајно го нарушува био диверзитетот на езерото и околината, во јавноста се претставуваат како заштитници на природата, а всушност единствено што штитат е пазарната вредност на имотот добиен како подарок од Комунистичката партија.

Колку пари должи Горан Михајловски за ѓубретарина и одвод на атмосфрески и отпадни води ?!
Горан Михајловски кој со години го користеше весникот „Вест“ за да пласира лажни вести против Охрид (задолжително пред туристичка сезона ), во јавноста во Охрид е запаметен по тоа што на насловна страна на „Вест“ објавувал текстови во кој се тврдеше дека огромни риби пливале во Охридско Езеро и предизвикувале паника кај населението и дека водата во езерото е загадена.

Дали мотивот за ваквиот врв на непрофесионализмот и црната пропаганда против охридскиот туризам Михајловски го црпел од некој приватни туристички агенции во Скопје, најдобро знае самиот тој. Но, дали Михајловски кој со години преку црната пропаганда против Охрид на јавноста и’ се претставува како загрижен граѓанин кому му смета ѓубре, загадена вода, нечиста средина, тоа го покажувал и на дело со тоа што на пример редовно плаќал комунални давачки како што се ѓубретарина, сметки за одведување на отпадни и атмосферски води, или се’ уште не ги подмирил сметките? И колку пари должи по основ на данок на имот за неговата куќа во Лагадин кон градот Охрид за кој објавил десетици лаги и измислици, како по правило пред секоја туристичка сезона?!