Странските инвестиции во првите четири месеци изнесуваат 109,5 милиони евра

Вкупно 109,5 милиони евра странски иневстиции влегле во државата во првите четири месеци годинава, објави Народната банка на Македонија (НБРМ). Според податоците на НБРМ, само во април во дрќавата се слеале 16,4 милиони евра странски капитал. Според податоците, од вкупниот прилив на странски инвестиции за четири месеци вкупно 77,9 милиони евра се сопственички капитал и реинвестирана добивка, од кои 76,3 се вложувања на директниот инвеститор во претприојатието вом кое инвестира, а 34,3 милиони евра сеповратно вложување.

Според новиот начин на пресметка и на објавување на податоците кои што од 1 јули почна да ги применува Народната банка странските инвеститори во првите четири месеци од државата кон нивните фирми мајки повлекле 10,3 милиони евра кои во билансот на НБРМ се прокнижни како вложувања помеѓу хоризонтално поврзани фирми. Со оглед на тоа што во април минатата година странските инвестиции беа во минус од над 7 милиони евра, приливот на странски капитал во април годинава е за над четири пати поголем.