Странските инвеститори со хуманитарен пикник во Градскиот парк

Странските инвеститори со хуманитарен пикник во Градскиот парк
Странските инвеститори со хуманитарен пикник во Градскиот парк

Хуманитарен „Светски пикник“ се одржа денес напладне во Градски парк, по повод 10-годишнината од постоењето на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, на невообичаен начин зачинет со многу автентични гурмански специјалитети од 11 различни земји“.

Љубителите на добрата храна и расположение дојдоа во огромен број заеднички да го прослават овој роденден и воедно да бидат дел од хуманата намера на настанот, бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, парични средства кои ќе се подарат на народната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле” и во хуманитарно здружение „Хилал”.

Странските  инвеститори во државава кои доаѓаат од САД, Австрија, Англија, Грција, Белгија, Турција, Италија, Швајцарија, Франција, Холандија и Германија на пикникот претставија дел од културата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

Денот беше збогатен со музичка програма и со содржини за целото семејство, а за децата беа предвидени едукативни и интерактивни игри.

 

Фото: Ѕ.Плавевски, Вечер