Странските новинари тргнаа во Северна Кореја за демонтирњето на нуклеарната постројка

Неколку десетиции странски новинари во вторникот полетаа од Пекинг за Северна Кореја каде што треба да присуствуваат на демонтирањето на постројките на нуклеарниот полигон, објавија кинеските медиуми, меѓутоа јужнокорејските не добиле виза,

Настанот ќе се одвива неколку седмици пред одржувањето на се’ уште неизвесниот историиски самит меѓу севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп, предвиден за 12-ти јуни во Сингапур.

Новинари од Кина, Русија и САД ги исполните формалностите околу летот на аеродромот во Пекинг пред фотографирањето за бројните медиуми, објави кинеската централна телевизија CCTV.

Планирано е целосно уништување на влезот на полигонот, како и на придружните објекти. Од територијата ќе биде повлечен целиот научен и безбедносен персонал. Окното за тестирање на полигонот ќе биде разнесеа, а потоа сите надземни постројки ќе бидат уништени, како што се истражувачкиот институт, стражарските пунктови и другите објекти.

Планирано е целосно уништување на влезот на полигонот, како и на придружните објекти. Од територијата ќе биде повлечен целиот научен и безбедносен персонал. Окното за тестирање на полигонот ќе биде разнесеа, а потоа сите надземни постројки ќе бидат уништени, како што се истражувачкиот институт, стражарските пунктови и другите објекти.

Истовремено Северна Кореја одбила да ја прими листата на новинари кои планираат да присуствуваат на церемонијата на затворањето на нуклеарниот полигон Пунџери, закажан во текот на оваа семица, изјави за телевизијата KBS, претставник на министерството за обединување во Сеул.

„Се обидовме да го доставиме списокот денеска во 9 часот (2 часот по полноќ по македонско време – з.р.) преку каналот за врска во пограничниот пункт Панмунџом, но претставниците на Северот одбија да го примат“, го цитира телевизијата јужнокорејскиот функционер.

Според коментаторите, овој потег на Пјонгјанг сведочи за неподготвеноста да се примат претставници на медиумите од Јужна Кореја на споменатиот полигон.

Претходно беше објавено дека Пјонгјанг поканил осум новинари од Јужна Кореја, по четворица од службената новинска агенција и од телевизијата, за церемонијата на свеченото затворање на полигонот во Пунџери. Потоа беше објавено дека Северна Кореја побарала од секој од странските новинари да плати виза во висина од 10.000 американски долари. Четворица јужнокорејски новинари веќе биле пристигнати во Пекинг, а четворица биле најавени за пред летот, но не е јасно дали властите на Северна Кореја ќе им издадат визи.

Според првичниот план сите странски новинари требало да ги добијат визите и потребните документи во севернокорејската амбасада во Пекинг, а потоа со чартер лет од Пекинг да долетаат на амбасадорот Калма во близина на севернокорејскиот град Вонсан, а од таму до полигонот. Северна Кореја треба да ја напуштат на 26-ти или 27-ми мај.

На 12-ти мај севернокорејското министерство за надворешни работи објави дека јавната церемонија на затворањето на нулеарниот полигон Пунџери ќе се одвива во деновите меѓу 23-ти и 25-ти мај. Појаснија дека точниот датум на церемонијата ќе зависи од временските услови. Притоа беше појаснето дека на настанот може да присуствуваат новинари од Русија, Кина, Велика Британија, Република (Јужна) Кореја и САД.

На нуклеарниот полигон Панџери се одвиваа шест нуклеарни проби, од кои едната според тврдењата на Пјонгјанг беше успешна проба на хидрогенска или термонуклеарна бомба. Последниот тест датира ланскиот септември.

Ким Џонг-ун најави во април затворање на овие постројки објаснувајќи дека полигонот „ја исполнил задачата“, како и дека „работата на инсталацијата на нуклеарните боеви глави на балистичките ракети е завршена“.

По низата години во кои владееја големи тензии на Корејскиот полуостров поради нуклеарната и ракетна програма на Северот, од полчетокот на годинава се забележува значителен процес на затоплување и намалување на тензиите. Поттикнат од одржувањето на Зимските олимписки игри и во Јужна Кореја, овој процес на детант резултираше со договорот од 27-ми април на историската средба на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот челник ким Џонг-ун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.