Странските оџи да ја напуштат Австрија

Владата во Австрија усвои нацрт-закон со кој се забранува финансирање на оџи и џамии од странство со што би требло да се делува против ширењето на омразата и радикализацијатa.

Бидејќи новиот закон забранува делување на оџи кои се платени од странство, околу 65 исламски проповедници, кои ги плаќа турската влада, ќе мора до крајот на идната година да ја напуштат Австрија.

Министерот за надворешни работи Себастијан Курц и министерот без ресор Јозеф Остермаер не го прифатија барањето на Исламската верска заедница во Австрија да се воведе преоден рок од 15 години, туку останаа на тоа проблемот на странските оџи и финансирањето од странство да се реши до крајот на идната година.

Исто така, нацрт-законот, предвидува сите здруженија и клубови кои имаат и верски делувања во иднина да мора да работат под официјални верски друштва како што е Исламската заедница во Австрија, или Алевитската заедница.

Законот исто така јасно подвлекува дека законите на државата имаат предност на верските правила. Законот предвидува и проповедите да се држат на германски јазик.