петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 63

Странските политички газди надвор од Македонија!

Поврзани вести

На прославата поврзана со 26-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ партискиот лидер Никола Груевски кажа дека „народот врие“ и веќе не можел да го контролира ова вриење. Всушност, македонскиот народ врие уште од осамостојувањето. Само што, тогаш, во 1991 година од ентузијазам, а малку подоцна и до ден денес – од гнев. И тој гнев е во еден правец: кон политичарите. Се знае поговорката: Куче што не знае да лае го турка волкот во кошара. Кај нас е уште полошо. Со пријателски „лај“ кон САД и ЕУ македонските политичари доброволно ги направија газди на државата. При тоа, ја продолжија катастрофата, а таа катастрофа не е само политичка како во други земји. Се знае дека САД сакат да стават марионетни режими во цел свет. Било преку „шарена револуција“ и „арапска пролет“, било преку воен пресврт и директна војна. Проблемот кај нас е ист како во Ирак, Либија, Србија – целта е распарчување на државата. Македонија е мала земја, затоа создавањето на квинслишки режим е пат за нејзино целосно уништување. Несреќата на Бразил, Чиле итн. од американското мешање не е поврзано со менување на границите, со одземање на име /идентитет/, државно уништување. КАЈ НАС СТАНУВА ЗБОР ЗА ИСТОВРЕМЕНО ЛИКВИДИРАЊЕ И НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.

Македонскиот народ го сфаќа сето тоа. Затоа е бесен на политичарите кои се прават на недоветни, а дел од нив и директно работат за остварувањето на надворешниот план за ликвидација. СЕ ЗНАЕ ДЕКА КОГА ЕДЕН ОРГАНИЗАМ ИМА ГАНГРЕНА Е ПОТРЕБНА АМПУТАЦИЈА. ИНАКУ ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ УМИРА. Обидите за контролирање на гангрената наместо ампутација, е штетна и за македонскиот народ, и за македонската држава, а и за самиот „контролор“. НАРОДОТ НЕМА ДА СЕДИ МИРЕН КОГА СТРАНЦИ И ПАРТИСКИ ГЛАВАТАРИ ОДЛУЧУВААТ ВО НЕГОВО ИМЕ. ПРИ ТОА, ОДЛУЧУВААТ ЗА НЕГОВ КРАЈ.

Доста ни е од партиски надмудрувања, од заемни обвинувања, од пазарење, од колонијалната психа на македонските политичари. Ни пукна од вербални битки без практично расчистување, без луѓе во затвор. И кога станува збор за затвор, мора да се каже дека е искривоколчено целото судско законодавство. Во сите самостојни држави на светот најголемите казни се за државно предавство, потоа за убиство, за криминал итн. Кај нас е спротивно, затоа што уште првите одлуки на власта по осамостојувањето беа поврзани со државно предавство – менуване на Уставот, на државните симболи и прифаќање на референцата ПЈРМ. На тој начин, уште на почетокот, од една страна правно и законодавно, а од друга – како дејствие, како спроведување на законите, државата ни застана на стаклени нозе. Политичарите и партиите заемно се чуваат и никој не оди во затвор независно дали за државно предавство или за криминал. ЕТЕ ЗОШТО ДРЖАВНОТО ПРЕДАВСТВО И КРИМИНАЛОТ РАСТЕА ПОСТАПНО СЕКОЈА ГОДИНА. Ако се почитуваше дури нашиот искривоколчен Кривичен законик, уште во 90-те години во затвор за државно предавство мораше да одат Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, да не зборуваме за министрите и пратениците, кои гласаа за практичното трансформирање во протекторат. За поразот во терористичката војна во 2001 година беше виновен повторно Црвенковски, плус Љубчо Георгиевски, Борис Трајковски, Доста Димовска, Владо Бучковски. Законот за територијална поделба, со кој беше остварена федерализација на Македонија, беше донесен од Владата на Хари Костов и вицепремиерот Шекеринска. Ни една од спомнатите фаци не отиде во затвор. Дел од нив беа замешани и во криминалната приватизација во државата. Повторно, никој во затвор. Трајковски ја аболицира Димовска, а за возврат во 2008 година Црвенковски го аболицира Заев. И пак, немаше затвор за ниту еден.

Ете зашто народот врие. Врие затоа, што политичарите си поигруваат со него и економски, и социјално, и егзистенцијално. Врие, бидејќи се è врз неговиот грб, а згора на тоа и накалемените домашни предавници, криминалци, и странски газди кои контролираат неговото уништување. Заев, Шекеринска, Шилегов се вклопени во странското сценарио, но, нивното постоење и дејствување, како и тоа на Соросовите инсталации е доказ за нашата немоќ како држава. Стефче Јакимовски изјави дека ако Груевски има 450 илјади приврзаници, никогаш нема никому да му попушти. Проблемот е во тоа што на Груевски и на останатите политичари им е побитно што ќе кажат од надвор, а не што ќе каже македонскиот народ. Од надвор велат: нема да го притворите Заев, менувајте го Уставот, гласајте такви закони какви ви пуштаме. Владејачката партија, Владата, пратениците буквално не смејат да гукнат, се едно е за нив гласањето, дали е од надвор. Затоа не е во прашање дали привремено ќе имаш 450 или 900 илјади приврзаници, ако немаш спремност да се бориш не само за нив, туку за целиот народ и за државата. На 11 октомври 1941 г. Прилепскиот отред имаше само 16 партизани, ама тие беа спремни да се борат и да се жртвуваат. Затоа по нив излегоа десетици илјади, а со денешнава капитулантска политика на владејачката партија, поткрепата за нејзе може да се симне и под 45 илјади гласачи. Многу пати сум пишувал дека секој народ, па и македонскиот, бара победници. Но победници не на бина, не во вербални „војни“, туку преку дејствие. ДА ГО ПРАТИШ ВРВОТ НА СДСМ, НЕЛИГИТИМНОТО СЈО, СОРОСОВИТЕ ИНСТАЛАЦИИ, КРИМИНАЛЦИТЕ ОД СИТЕ БОИ КАКО И БЕЈЛИ, ГАРЕТ, ХАН, ОРАФ И ОСТАНАТИТЕ КАДЕ ИМ Е МЕСТОТО. ТОА Е ОДГОВОРНОСТ ПРЕД НАРОДОТ И ДРЖАВАТА. ТОА Е ЛИДЕРСТВО, А НЕ МАФТАЊЕТО СО ЗБОРОВИ.

Состојбата во Македонија е сè понеразбирлива за луѓето во светот. За нив е идиотизам да се пикаме кај тие кои сакат да не уништат и по секој терористки акт врз нас да продолжуваме да ги квалификуваме како „пријатели“. Плачеме дека немаме вистински пријатели. Па кој може да биде пријател на ненормални луѓе, кои непријателите ги гледат како пријатели. И на тој начин навредуват тие кои сакат да ни помогнат. МОМЕНТАЛНО СРБИЈА ПРОМОВИРА ПОЛИТИЧКО ПЕДЕРСТВО, А НИЕ МАЗОХИЗАМ. Србската шизофренија е истовремено во правец кон ЕУ, и кон Русија и Кина. Тие не сфакаат: прво, дека денес ЕУ и НАТО одат комплет, така што не може да се каже дека го сакаш само едното; второ, дека за овој комплет одлучува САД; трето, дека моментално дипломатијата на Тито не е актуелна. Сега има две групации пред војна и мора да се приклучиш едноставно кон едната и тоа кон идните победници. Нашиот мазохизам пак, наликува на овој на жртвите на Сталин, кои пред да ги стрелат, викале: Да живее Сталин! Ние, пред да бидеме уништени, повикуваме: Да живее НАТО и ЕУ!

ВЕЌЕ И НА ДЕЦАТА ИМ Е ЈАСНО/ НЕ И НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ/ ДЕКА САД СЕ СПРЕМАТ ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА И ЗА ТАА ЦЕЛ ЌЕ ЈА ЖРТВУВААТ ЕВРОПА. Затоа, дури таква американска марионета како Борисов во Бугарија се спротивстави на создавање на воена флота на Црно Море и кажа дека ако бугарскиот претседател, министрите за надворешни работи и за одбрана ветиле таква работа, ќе ги прати нив на бродовите да војуваат. Германскиот министер за надворешни работи Стајнмајер директно го обвини НАТО за агресија против Русија. Независно дека е членка на Алиансата, Грција не учества во најголемите воени маневри на НАТО во Полска. Не учества и Црна Гора, иако има веќе покана за НАТО, а пак, Грузија одби. Ама ние се истопоривме како последни глупци, барабар со другата колонија Косово. Намерно го спомнав Борисов, затоа што американците го „држат“ со криминално досие од пола метар, но кога е во прашање војна со Русија и уништување на неговата држава, не сака да попушти и по цена на живот. Уште во 90-те години Ротсилд/ кој со Рокфелер го управува САД/ ја отпиша Европа. Затоа денес кога војната е видлива, Велика Британија сака да излезе од ЕУ. ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА НЕ СЕ ИМИГРАНТИТЕ, А ИДНИТЕ РУСКИ РАКЕТИ. Кина и Русија се обидуваат да ја придобијат Европа економски, а тоа САД нема да го допушти на никој начин. АЛТЕРНАТИВАТА СЕГА Е; КРАЈ НА САД ИЛИ КРАЈ НА СВЕТОТ. САМО ШТО, ПРЕД ЕДНАТА ИЛИ ДРУГАТА ВАРИАНТА, ЌЕ ЗАМИНАТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ МАРИОНЕТИ ВО ЕВРОПА.

Во таков момент Македонија е како мува без глава. Спремна е да загине за туѓи интереси – позната слика од 1912 г., 1914-1919 и од 1941 година. Лидери како и тогаш ги нема, иако некои глумат лидерство. Нивните Одлуките од минатото биле во интерес на македонските непријатели. Денес, владејачката партија преку изјави без никаква вредност, глуми дека е жива. Груевски чека дозвола од странците да се врати на функција, наместо да ја искористи дадената доверба од народот. Тука е КЛУЧНОТО ПРАШАЊ; КОЈ МОРА ДА ОДЛУЧУВА ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА – НАРОДОТ ИЛИ СТРАНЦИТЕ? СЕКОЈ КОЈ МИСЛИ ДЕКА ТОА МОРА ДА БИДАТ СТРАНЦИТЕ/ НЕЗАВИСНО ДАЛИ САД, ЕУ ИЛИ НЕКОЈ ДРУГ/ МОРА ДА БИДЕ ТРГНАТ ОД ПОЛИТИКАТА ЗАСЕКОГАШ. Оттука мора да почне расчистувањето во државата. Без расчистување со странското мешање, и со тие кои го потпомагаат внатре, се друго е џабе.

Секој брод, ако не го чистиш од ѓубриња и не ги затвориш местата откаде се полни со вода, тоне. Моментално нашиот македонски брод е одвај на површината, морнарите спијат или се сончат, ние патниците го чекаме Годо, а екипата на бродот се пазари за бојата на палубата. САМО ШТО, ЗА РАЗЛИКА ОД БРОДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ НИЕ НЕМАМЕ НИТУ СПАСУВАЧКИ ПОЈАСИ, НИТУ РЕЗЕРВНИ БРОДОВИ. ЗАТОА МОРА ДА ДЕЈСТВУВАМЕ ПРЕД ДА БИДЕМЕ УДАВЕНИ.

Стефан Влахов – Мицов

Најчитани вести