Страшна исповед: Бизнисмен сексуално го злоставувал синот и го фотографирал

Страшна исповед: Бизнисмен сексуално го злоставувал синот и го фотографирал

Татко монструм го силувал сопствениот син од неговата шеста до деветата година, а се фотографирал. Откако случајот стигнал до полицијата, белградскиот бизнисмен М.Б. е уапсен и против него е покрената истрага. Во меѓувреме е пуштен да се брани од слобода, пишува српски „Курир“.

Повеќегодишното малтретирање и злупотреба момчето го потиснал во сеќавањата, но целиот случај излегол на површина кога 17-годишното момче ги пронашло фотографиите на кои се гледа како орално го задоволува татко му.

– Живеам со мајка ми, а кај татко ми престојував од март до јуни минатата година. Во неговиот стан, на полицата со книги, случајно ги пронајдов фотографиите на кои се гледа како татко ми ми го става пенисот во уста. Не се сетив веднаш на тие настани, но потоа сеќавањата почнаа да навираат. Се присетив на одвратниот вкус на неговиот полов орган и дека повраќав, раскажува И.Б. на сослушувањето.

Бизнисменот М.Б. се терети дека од 2003 до 2006 ги злоупотребувал синот и неговата мајка, со која живеел вонбрачно.

– Земав три фотографии на кои сум јас. Имаше и други фотографии, на кои се гледаше дека и на други мали деца им го правел истото што и мене. Ми беше срам тие фотографии да и ги покажам на мајка ми, но во октомври и кажав се. Неможев повеќе да ја чувам таа страшна тајна, раскажува И.Б.

Таткото го напаѓал синот во неговиот стан, а засега не е утврдено кој ги фотографирал фотографиите.

– Не го прашав татко ми за фотографиите и за она што ми го правел. Се отселив од неговиот стан затоа што од мене побара да водам љубов со неговата девојка и одбив. Таа жена никогаш не сум ја видел, вели момчето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.