Страшна сообраќајка на Партизанска: „Ауди“ удри во група малолетници

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Партизански одреди“ спроти хотелот Карпош. Според за сега неофицијални информации, автомобил марка ауди излетал од булеварот и удри директно во група малолетници кои во моментот биле во близина на автобуската постојка, пренесува Република.

Очевидци за Република тврдат дека во сообраќајката се повредени три девојчиња и едно момче, но за сега не се знае нивната здравствена состојба.

Неофицијално, зад воланот исто така бил малолетник.Повеќе информации очекуваме  утре изутрина.