Страшна сообраќајка во Белград – четворица мртви, една девојка се бори за живот

Четири лица загинаа синоќа во страотен судар на кружниот пат кај Белград додека се враќале од свадба.

На самото место загинале три момчиња и една девојка. Другата девојка на возраст од 20 години е тешко повредена и со возило на Итна помоше е префрлена во Ургентниот центар. Таму лекарите се борат за нејзиниот живот.

До сударот дошло околу полноќ, кога автомобилот „рено клио“ со белградски таблички во кој се наоѓале пет млади лица, налетал на шлепер со турска регистрација.

Реното се движело од Ресник кој Бубањ поток кога директно се судрило со камионот. Според зборовите на возачот на камионот, автомобилот наводно не возел право, туку лево десно пред да удрат во шлеперот. Возачо на турскиот камион се обидел да ги избегне, но не успеал во тоа. Загинатите патници во автомобилот се враќале од свадба.

sudir

Инаку во тешката сообраќајка возачот на камионот останал неповреден, а и камионот е незначително оштетен, додека реното е целосно смачкано и пожарникарите морале да интервенираат за да ги извлечат несреќните момчиња и девојки, како и таа која се уште давала знаци на живот.

-Пожарникарите мораа да ги извадат предните седишта за да ги извлечат телата на момчињата и девојките. Ужасно беше, раскажуваат очевидци.

Сообраќајот поради несреќата бил блокиран, па се создадал километарска колона додека не завршил полицискиот увид.

sudir-1

Еден од очевидците на несреќата, за српски Курир изјави дека откако се случила несреќата, видел како покрај жртвите поминале четири возила кои не застанале и можеле, а не повикале Брза помош.